Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетници преку „Инстаграм“ ширеле снимки со девојче од Кочани

Во кочанската полиција, на 8 февруари, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил на „Инстаграм“ биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.

Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Кочани.

Можеби ќе ве интересира

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК