24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Имотот на судиите оди под лупа на ДКСК и Финансиската полиција

„Имотот на судиите и обвинителите може да го провери Антикорупциската комисија. Ние разговаравме со претседателката на ДКСК тој процес да почне што побрзо, и комисијата ќе се вклучи на тој начин во прочистувањето на правосудството. Финансиската полиција исто така, заедно со ДКСК, започнаа да се вклучуваат во процесот. ДКСК укажува на нов Закон за потекло на имот, но и постоечката законска рамка дава можност. Има судии и обвинители кои не може да го објаснат потеклото на имотот.“- истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, на телевизија 24.
Тој објасни дека и работата на судиите е под лупа, односно се проверува нивното професионално постапување. Особено ќе мора да се проверат пресудите кои завршиле во Стразбур, па потоа државата морала да плаќа отштета на граѓаните, на кои институциите не им обезбедиле правда, а во голем број случаи тоа се судовите.

„Имаше скоро еден случај во кој не било дозволено сослушување сведоци, па мораше државата да плати. Ако се утврди дека кон некого е нанесена неправда, секако штетата ќе се надомести и парично, но мора да има одоворност и кај судиите за својот дел од работата. Тоа е идејата, да се зајакне одговорност. Ако има зачестеност кај некои судии и некои обвиители дека имаат предмети во кои државата претрпела штети, тоа треба да биде сигнал за Судскиот совет.“- дополни министерот.