Centar.mk
БИЗНИС

Биткоинот со нови рекорди, за 24 часа цената му порасна за 24 проценти

Цената на биткоинот и утрово продолжи со растот од синоќа, достигнувајќи нови рекорди и првпат еден биткоин вреди 48.000 долари.

Нова група инвеститори, во најпознатата и најважна криптовалута во светот, предизвика веста дека компанијата „Тесла“ купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.

Исто така, „Тесла“ објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи. По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 американски долари, а растот продолжи и по тоа.

Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источноамериканско време.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА СО ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ ОД 36 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Енергијата останува најголем товар

ДЕСК

БУГАРИЈА ПОД ПРИТИСОК ОД БРИСЕЛ – Владата тврди дека засега нема казна за буџетскиот дефицит

ДЕСК

ЗАБЕЛЕЖУВАТЕ ПОГОЛЕМИ ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА? – Како да ја утврдите реалната цена на една пратка

ДЕСК