24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е хибриден режим, затоа што нема ниту еден случај против врвот на власта

Македонија е хибриден режим, затоа што нема ниту еден случај против врвот на власта, а индиции и докази на секаде, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Угледниот магазин Економист повторно ја вброи Македонија во групата хибридни режими, исто како и лани, со фактот што годинава имаме и полоша оценка од минатата година. Светските агенции, медиуми и организации гледаат дека во Македонија нема правда и нема демократија. Македонија е хибриден режим, затоа што кога Бојан Јовановски во судница кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, обвинителството не отвори постапка против нив. Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага за Дончев, кого целата јавност го виде како трпа пари во ташна“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага против Рашковски кој го слушнавме како бара аванта за набавка на систем за летање во М НАВ, затоа што нема истрага за Заев за случајот со ШИК ЈЕЛАК, за што го слушнавме контроверзниот бизнисмен Дака, како вели дека му дал на Заев 300.000 евра мито, затоа што локалните функционери се шерифи и тепаат народ, затоа што нема правда, не се почитуваат закони, ниту пак се работи чесно.

„Македонија ќе биде хибриден режим се додека е Заев на власт“, се наведува во соопштението.