Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Во петтиот пакет мерки нема субвенции за минимална плата

Во петтиот пакет владина економска помош ќе изостане мерката за помош на компаниите за исплата на минималната плата. Веста ја соопшти заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски во вечерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што појаснува Ковачевски, петтиот пакет ќе биде наменет за поттикнување на ревитализацијата на стопанството, а компаниите коишто нема да може да обезбедат плати за вработените ќе може да аплицираат за поволен кредит.

„Компаниите коишто ќе имаат проблем со исплата на плати, ќе може да аплицираат во Банката за развој, да добијат бескаматен кредит, а оние коишто ќе покажат раст, според критериуми што ќе бидат дефинирани, ќе може да добијат грантова компонента во самиот кредит“, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК