Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Санкциониран тетовец заминување патарина со „флешери“, изречена казна и демонтирани „флешери“

Полициски службеници од ПС Тетово на 03.02.2021 во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани.

МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК