Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист во Тетово возел со 160 километри на час

Полицијата казнила мотоциклист, кој се движел со брзина над 160 километри на час по улицата Маршал Тито во Тетово.

Изминатата ноќ, со користење на т.н. ноќен радар, тетовската полиција спровела засилени контроли на потегот од Монополот кон приклучокот на автопатот. Биле санкционирани вкупно 31 возач за пречекорување на максимално дозволената брзина.

На сите прекршители изготвени им се соодветни платни налози.

Санкционирани се и девет други видови прекршоци, меѓу кои четири лица што управувале возило без возачка дозвола.

„Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови“, најавија од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК