Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Апсење во Скопје – Полицијата фати момче барано со потерница

На 02.02.2021 околу 02.45 часот на ул„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје го лишиле од слобода В.Г.(29) од Скопје, затоа што се барал со потерница за издржување казна затвор од три години.

В.Г. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор – Идризово, за издржување на затворската казна.