Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Интерпелацијата ја поднесоа оние кои се симбол на корупција и криминал, ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО ДПМНЕ е симбол на корупција, симбол на организиран криминал, симбол против новата, млада генерација политичари, кои треба да се здружат и да стават крај на корупцијата. Рекетарството и криминалот владееја со години и кога сакате чесно и одговорно да се борите против криминалот ситесе вртат против вас. Затоа нема да отстапиме и на следните генерации ќе им оставиме функционална и нормална држава, тоа е нашата борба. ВМРО ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува на тема криминал и корупција, лидерот Груевски им е во бегство, има 30-тина функционери кои се со обвинителни акти и судски процеси. Ние продолжуваме со неселективно работење. Јас бев меѓу првите кои поднесовме пријави против сите поранешни функционери кои злоупотребиле јавни пари, без разлика дали се политичари, тајкуни, моќници. Така работиме и јас и мојот тим. Ќе ги увериме граѓаните дека работиме и дека сакаме да ја неутрализираме корупцијата.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата, во вестите на Сител, како одговор на интерпелацијата поднесена од опозицијата против него и против министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК