Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За еден ден 257 сообраќајни казни во Скопје, 34 лица возеле без дозвола

Полицијата во текот на вчерашниот ден (30 јануари) извршила засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од МВР.

Само на територијата на Скопје изречени биле вкупно 257 мерки, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 23 санкции за непочитување на брзината на движење, 20 за управување под дејство на алкохол, 8 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 за поминување на црвено светло, 18 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас, 57 за непрописно паркирање и 4 санкции за прекршоци од страна на пешаци.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПСКИ ЖДАНЕЦ – Барака целосно изгорела, пожарникарите пронашле тело на починат маж

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК ПРЕРАСНАЛА ВО ЗАКАНИ – 40-годишник тропал на врата и испраќал заканувачки пораки

ДЕСК

СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА ЌЕ ЗАВРШИЛА СО ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – Две млади скопјанки со тешки изгореници пренесени во Ургентен центар

ДЕСК