7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ купуваше јазици од бизони со народните пари

„ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и покажува основно непознавање на функционирањето на јавните набавки.Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на двегодишен договор за рамковна набавка на градот Скопје.За потсетување, рамковна набавка значи дека договорниот орган нема обрска да ги потроши сите средства“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, така според јавно објавени информации, од договорот за претходните 2 години не е потрошена ни третина од средствата.

„Истата набавка била спроведувана и од претходните градоначалници при што биле трошени неколкукратно повеќе средства.Додека ВМРО-ДПМНЕ трошеше на јазици од бизони, СДСМ со јавните пари се однесува одговорно и троши исклучиво во согласност со потребите, ниту денар повеќе“, се додава во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +