Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски најави изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово

Оваа година започнуваме со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета во општина Тетово.

„Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса”, изјави Бочварски.

Министерот најави и реконструкција на две локални улици во општина Тетово и рехабилитација на патниот правец Тетово – Џепчиште.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК