Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се фати за работа, Заев се радува на 8 илјади донирани вакцини

Целиот регион се вакцинира, сите нарачуваат милионски количини, само Заев се радува на 8 илјади вакцини, кои ги добива како донација, наместо да се фати за работа и да набави вакцини за сите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција следува откако здравствените власти соопштија дека денеска се регистрирани 21 починат пациент како последица од Ковид-19.

„Тоа се 21 семејство завиени во црно. Тоа се 21 лице, чии животи можеа да бидат спасени ако Заев и Филипче набавеа вакцини навраме“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека секој поминат ден без вакцини е уште еден ден на загубени човечки животи, кои можеле да бидат спасени.

„Стоилковиќ рече дека ѝ се достапни 90.000 кинески вакцини на Владата за брза имплементација. Зошто досега Владата и Филипче не презеле никакви активности за набавка на вакцините? Заев и Филипче мора да одговараат за тоа што досега ја лажеа јавноста оти вакцините само што не стигнале. Вакцини нема, а сите во регионот се вакцинираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Намалувањето на ДДВ за горивата не дава ефект – цените растат

ДЕСК

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

ДЕСК