15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Речиси сите матуранти се пријавија за полагање државна матура, опозицијата осамена во лагите за учениците

Рекорден број матуранти се пријавиле да полагаат државна матура. Заклучно со рокот, крајот на 2020 година, интерес за матурата пријавиле над 93 отсто од средношколците, или над 15.000 ученици. Огромниот интерес за полагање државна матура покажува дека матурантите се свесни дека завршниот испит е законска обврска на Министерството за образование, но и дека без положена државна матура тие нема да можат да се запишат на факултет, ниту тука, ниту пак надвор.

Свесни дека испитот им гарантира иднина, средношколците масовно се пријавиле да го полагаат и со тоа ги демантираат информациите дека постои наводен масовен бојкот на наставата на голем број матуранти. Имено, МОН во државната матура ги има вметнато забалешките на средношколците.

„Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети“ – стои во соопштението на МОН.

Оттаму, и оние малкумина ученици кои се обидоа да внесат немир кај своите соученици и грижа кај родителите, се осуетени во нивните намери. Исто како што е замолчана опозициската ВМРО ДПМНЕ која и овој пат се обиде, преку маката на учениците, политички да профитира. Иако со закон е забрането политичко дејствување во училиштата, сепак партијата ги користи малкутемина незадоволни матуранти, кои од само за нив познати причини бојкотираат, и во јавноста пласира лажни тези за целата ситуација.

Но, и овој пат, вистината и фактите низ бројки ја демантираат опозицијата. Големиот интерес за полагање државна матура е доказ дека матурантите се согласуваат со концепцијата на МОН, особено што биле прифатени и нивни сугестии.

„МОН има законска обврска да ја организира матурата за учениците што планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. Mатурата, која е право на избор, на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да ја полагаат. Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети“ – стои во соопштението на МОН.

Од таму дополнуваат дека Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.

Спонзорирано: