17.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска: Матурата е европски критериум, важна за квалитетно образование

„Ние сме во постојана дискусија со организацијата на средношколците од моментот кога влегов во Министерството за образование, исто така и вчера имавме состанок каде што дискутиравме за два сегмента, едното е дали скоро можеме да се вратиме во оној друг хибриден модел којшто тие го предлагаат – една недела во училиште, една онлајн и вториот сегмент беше намалување на бројот на предмети за кој разговаравме и во декември. Тие бараат интерните предмети кои што се полагаат во матурата да бидат исклучени, но договоривме дека ќе формираме работна група за следната матура да имаме нова концепција.“- изјави министерката за образование, Мила Царовска, во вестите на Сител, како одговор на денешните проести на некои од матурантите.

Таа посочи дека матурата за годинава е адаптирана и дека до декември околу 15 000 матуранти се пријавиле да ја полагаат.

„Ја даптиравме или направивме проектната задача да се полага на посовремен начин, според кој тие се прилагодени да подготвуваат проектни задачи и исто така воведовме два нови изборни предмети како информатика и географија, но намалувањето или исклучувањето на екстерните предмети разговаравме дека ќе направи проблем во концептпт за матура. Матурата е значајна заради квалитетот на образование, секаде во светот матурата се полага заради тоа што ако вие завршите четврта година треба да добиете одредена диплома и да се стекнете со одредени знаења. Нашата држава треба да се стреми кон тие европски и светски критериуми на образование.“- дополни Царовска.