Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицајци спасија 15 граѓани од пожар

Денеска (22 јануари) околу 11 часот, во СВР Тетово пријавен е пожар кој избувнал во стан од зграда во гостиварска Седма зона, сопственост на 40-годишната Џ.Х.од Гостивар.

Во пожарот нема повредени лица, а еден од станарите на погорните катови во зградата од чадот почувствувал потешкотии со дишењето и пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Гостивар, на која најнепосредно и помогнале и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, кои од зградата за кусо време евакуирале петнаесетина лица, пожарот целосно е локализиран.Увид на местото на пожарот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК