Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија во Тетово: Шестгодишно девојче загина во сообраќајка – ја прегазил „голф“

Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено вчера од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската полиција. Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.

-Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК