Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Милевски: Средствата од ТАВ не се поврзани локалните избори, проекти во општините се финансираат од повеќе извори

Министерството за локална самоуправа ја креира политиката, а средствата за општините се доделуваат преку Бирото за рамномерен регионален развој, истакна министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во емисијата 24 анализа на ТВ24.

Тој нагласи дека средствата што се пренаменети од ТАВ за општините немаат никаква врска со претстојните локални избори.

Овие средства немаат врска со изборите, секоја година имаме избори, и минатата година имавме избори, ако чекаме да поминат избори, општините никогаш нема да ги добијат парите, порача Милевски.

Тој истакна дека локалните проекти се финансираат од повеќе извори, наведувајќи ја како пример Швајцарската развојна агенција, чија поддршка пред 1,5 била пред укинување, бидејќи не се реазлириало ништо, а сега се финасираат иновативни проекти во планските региони како ски стаза во Пониква, реновирање на ученички дом во Куманво, игралишта во Битола, проекти се финасираат и со новиот проект од ЕУ за општините, проектите за меѓугранична соработка, учествуваме во јадранско-јонска група, а неодамна добивме покана од Брисел да учесвуваме во Меедитеранео, се прошируваме на нови програми.

Можеби ќе ве интересира

На роденденот си го убил брата си заради страв дека ќе му го земе имотот – Ужасни детали за трагедијата што ја потресе цела Македонија

ДЕСК

Амар Мециновиќ: Сега сме веќе движење – вие кои ги знаете пораките и целите, пренесете им на вашите најблиски за заедно да славиме победа

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК