10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бочварски: Цените на патарините се релативно ниски и се одредуваат според километар

„Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, цената на патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција, коментирајќи ги реакциите дека цените на наплатните рампи наводно ќе бидат високи.

Според Бочварски, Македонија има релативно ниски цени на патарините, а за да имаме квалитетна патна инфраструктура, патиштата треба да се одржуваат и сервисираат тековно, што тоа ја чини државата и граѓаните.

Патарините не се измислени од СДСМ или Бочварски, постојат со децении насекаде во светот, само во различна форма. А цената на километар исто така е утврдена пред многу години. Оттаму, висината на патарините не ја утврдува министерството, туку пропишаните правила. Дополнително, Бочварски ја споменува алтернативата, дека кој не сака да плати и за кратко да стигне од Скопје до Штип, може да користи други опции, исто како што е во секоја нормална држава. На пример, локалниот пат Скопје – Тетово, кој е алтернатива на автопатот, секојдневно е полн со возила кои го користат токму за да избегнат патарина, и тоа е право и избор на секој возач.

Спонзорирано: