Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

221 санкциониран возач во Скопје, 58 за преголема брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.1.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 221 мерка, од кои 58 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК