14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предлог-законот за попис денеска на собраниска седница

Предлог-законот за попис е ставен на дневниот ред, во рамки на продолжението на 29. собраниска седница.

Додека владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет и ќе биде согласно стандардите на Евростат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањето да се набават 10.000 терминали за земање отпечатоци од прсти при спроведување на пописот.

„Само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата. Апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, во неколку наврати истакнаа дека пописот не е и не смее да биде политичка операција, туку статистичка. Токму во Извештајот на ЕК пописот се споменува како потребна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана, наведоа социјалдемократите.

Планирано е постапката да заврши за шест месеци и да чини 8,5 милиони евра за набавка на потребната опрема.

Пописот би требало да се спроведе во првите три недели од април.

Последниот попис беше во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година, не беше реализиран.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.