26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петте “тајни” за професионалната и политичката вертикала на Оливер Спасовски

Фејсбук статус на Слободан Ковачевски:

ПЕТТЕ “ТАЈНИ” ЗА ПРОФЕСИОНАЛНАТА И ПОЛИТИЧКА ВЕРТИКАЛА НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

Уште од првата средба со него, го почувствував, тогаш младото момче, Оливер Спасовски со сиот негов раскошен човечки и творечки потенцијал. Бев покрај него, како што тој самиот беше покрај мене, уште од неговите први чекори во политиката.

Оливер е типичен пример за напредување во животот, професијата, во нашиот случај и во политиката (партијата) – стапка по стапка. Од најниска позиција (месен одбор), до сегашната високо рангирана, но, пред се, одговорна позиција – потпретседател на СДСМ и министер за внатрешни работи.

Вредноста и квалитетот на еден политичар доаѓаат до израз, токму, при скалестото напредување: наглите скокови, отсекогаш, биле знак на кариеризам, или протекционизам од повисоки политички инстанци.

Во политичката кариера на Спасовски нема ниту трага од тоа: Таа е чиста како солза, регуларна, речиси спроведена по закон на осмоза, освојувајќи клетка по клетка во идеолошко – партиската вертикала.

Во неколку наврати Оливер и самиот јавно ќе истакне дека му е целосно туѓа помислата, најнапред, да има во глава замислено желба
– на која функција сака да дојде, а потоа да ги впрегне сите сили (вклучувајќи и партиски поддршки и протекции), за да дојде до посакуваната цел. Напротив, тој никогаш не помислува на која функција би можел да се најде во иднина, туку, секогаш, работи до перфекционизам – веќе посветен на работните обврски и нивото на кое, во моментот се наоѓа. Во таа смисла, кај него, нема разлика во неговиот професионализам и перфекционизам, и кога беше само член на месен одбор на СДСМ во Куманово, и кога, подоцна беше исклучително успешен шеф на мојот некогашен градоначалнички кабинет. Се разбира и сега, кога е на првата позиција на најчуствителното и едно од најодговорните министерства во државата.

Спасовски го води неговото, лично, политичко кредо: не те прави вреден функцијата и местото на кое си, туку ти нему му даваш вредност. Не те прави добар политичар високата хиерархија (нивото), туку начинот на кој што работиш. И на најниското ниво треба да се работи како да си на највисокото. Како што и од највисокото место, ги чувствува потребите и очекувањата на луѓето, од “најниските”, односно базичните средини.

Тоа е една од “тајните” на неговиот успех.

Второ: Оливер е успешен затоа што знае да ги слуша луѓето, а, не само да зборува. Затоа е омилен “на терен”, како што тоа обично се кажува во партиски жаргон. Уште од приемот за шеф на мојот градоначалнички кабинет, воочив неверојатна спонтана способност да сослуша секого, без разлика на образовното и материјалното ниво. Без оглед на верската или партиска припадност во наше политички плурално, Куманово. Изборните успеси на СДСМ се повторуваа, пред се, поради таквите “теренци” како што е Оливер.

Трета “тајна” е во тоа што и припаѓа на онаа, ретка, “крвна група” политичари кои ја бараат сликата на целината во политиката, а не се фокусираат на делови и откршоци, зашто таквите се занимаваат со привремени решенија и на проблемите. И Оливер и јас сме се труделе, отсекогаш, системски да ги решаваме проблемите, а не да ги “крпиме” од денес за утре. Не сме се занимавале само со гаснење на пожар, туку со отстранување на проблемите.

Таа темелност кај Оливер веројатно доаѓа и од неговото формално образование – Тој е правник, и како таков, верува дека проблемите, какви и да се, можат и мораат да се решат низ системот, а не “на мала врата”, со притисок или приватно.

Четврто: Оливер секогаш ја има предвид меѓународната политичка заедница, како поширока рамка во која треба да се набљудуваат македонските случувања. Тој е модерен, европски ориентиран политичар, израснат на основните придобивки на сосијалдемократската идеја, која подразбира еднаквост и братство на сите граѓани, општество со подеднакви можности за сите. Граѓанскиот концепт е за Оливер услов без кој не се може на ниту една функција.

Петто: тој е човек кај кој разумот ги контролира емоциите, иако е длабоко емотивен како човек кој сочувствува со сите. За него не постои проблем кој не може да се реши, затоа што се потпира трпение и размислување. Многумина политичари остануваат само на првото ниво на рационална акција за решавање на проблемите: посакувањето, желбата. Неспорно е дека раскошен политичар мора најпрвин да сака нешто да реши, додека второто скалило не е она брзоплето – правам, туку – учам како да го решам проблемот. Дури потоа доаѓа – можам. Значи серијалот е: сакам – знам (учам како) – можам, па најнакрај – правам. И тоа секогаш тимски (во што можат сега да ве уверат неговите соработници во МВР), зашто политиката има многу нешта заеднички со тимските спортови – навивачките страсти не значат ништо без стратегија како да се дојде до целта.

Признавам: со огромна симпатија го следам растежот на ова, некогаш момче, а сега веќе зрел политичар. Му се воодушевувам на работливоста, упорноста, трпеливоста, перфекционизмот и рационализмот. Тој за мене е комплетен политичар. Човек и политичар од крупен калибар, а тивок и неславољубив.

Само затоа и големиот македонски визионер, премиерот Зоран Заев, знаејќи да ги вреднува неговите резултати, го постави за премиер на техничката влада во најнезгодно време, пред изборите и во вонредна состојба во која короната стана државен проблем број еден! Во тоа време сите ретроградни политички сили се обидуваа да стават барикада на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

Ако сме искрени: кој друг освен Оливер можеше да ги издржи сите тие ниски удари, не само од политички критизери без аргументи, туку и од оние кои бесни на вирусот и ограничувачките здравствени мерки, својот гнев го уперија кон власта, како да е виновна за пандемијата!
Можеше само уште Заев, но тој формално не можеше да биде на тој бришан простор во тоа време. Затоа на Зоран Заев треба да му се честита и за мудриот избор: Оливер!

Очигледно, Заев ги познавал не само Оливер, туку неговото чувство за тимско работење, без што не би бил тоа што е. Неговата ексклузивност ги обедини во иста цел и загарантиран успех, исклучителните партиските првенци и авторитети, Шекеринска, Филипче, Николовски, Царовска, Десковска, Битиќи, Сугаревски, Костадинов, Лукаревска, Манчевски, Маричиќ , Адеми и др.

Само со овој бедем зад себе, Зоран Заев, знаеше да ја покажа модерната, европски насочена политичка ориентација, заедно со отпорноста, издржливоста пред нечовечки смислените клевети и најниски човечки навреди.

Тоа е тандем со кој се гордеат сите кои и мислат добро на државата. А, непотребно се плашат оние кои практикувале и практикуваат подметнувања и реваншизам, затоа што двоецот, тандемот ЗАЕВ – СПАСОВСКИ, премиерот и министерот за внатрешни работи, не ги красат одмаздата, туку подадената рака.

Премиерот Заев и минатата година, покажа голема човечка доблест: неколку пати им подаваше рака на оние кои го клеветеа, плукаа во таа рака и навредуваа и кај нас и во Бугарија.

Среќен сум што ги познавам и двајцата и што сум нивен современик: пример за политичари кои политички ги води рационалност, а емотивно ги води љубов и простување.

Да ги чуваме и да се радуваме што ги имаме ние, а не некои други од Балканот.