Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тежок први јануари – Од коронавирус почина познатиот виолинист Зоран Џорлев

Познатиот македонски виолинист и професор Зоран Џорлев почина денес, како последица на инфекција со коронавирус.

Маестро Џорлев публиката го препознаваше и по серијалот ТВ-емисии посветени на традиционалната македонска песна. Повеќе од две и пол децении беше во хармоничен брак со Офелија со која има два сина.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го помина детството. Талентот за музика го наследи од татко му Наско, признат композитор на народна музика и водач на оркестар. Во 1989 дипломира виолина на ФДУ. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи, каде пријателите почнаа да се простуваат од легендата.

Можеби ќе ве интересира

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – 23-годишна жена тешко повредена, уште две лица завршиле со повреди

ДЕСК

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Митровден, денот на Свети Димитриј, симбол на верата, храброста и надежта

ДЕСК

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК