Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

РКЕ пред одлука: Утре нови цени на горивата

Како и секој понеделник, така и овој, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Бензините минатата недела поскапеа за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намали за половина денар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесуваат по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 28,837 денари.

Како причина за променетите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочи намалената цена на акцизата на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за по еден денар, како и зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 3,916 отсто и кај дизелот за околу 2,841 отсто и за околу 0,369 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +