Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во комбе со капацитет од 23 места, превозник од Кочани превезувал 21 патник во време на епидемија

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и 45-годишниот кочанчанец К.М. како одговорно лице во фирмата, поради сомнение за сторени две кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, правното и одговорното лице ги прекршиле прописите јавниот превоз да го вршат со ограничување на бројот на патници на 50% од капацитетот на превозното средство.

Имено, на 19 јули годинава за време на вршење превоз во патниот сообраќај на релација Охрид – Кочани, во патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, сопственост на фирмата од Кочани, а со капацитет од 23 места за седење, во истото се превезувале 21 патник.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +