26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска: Сите тестирања потврдуваат итна потреба од реформа во образованието, учењето мора да дава резултати

„Образованието не е систем кој што вие го воспоставувате еднаш засекогаш, развојот не застанува никогаш, тој е континуитет, тој никогаш нема крај но треба да поставите модел кој што ќе биде функционален и кој што ќе има чекор со времето и тој во еден момет треба да се постави, Финска воспоставува таков рез, воспоставува високи стандарди за наставниците, нови интегративни програми и тргнува, првите реузлтати ги гледаат после 10 години. Ако сакаме како држава да фатиме чекор со светот, со европските држави, со развиените држави тогаш треба итно дури самите треба да се притискаме себе да направиме реформи.“- категорична е министерката за образование Мила Царовска, а тоа го искажа во вестите на Сител.

Зборуваше дека 30 години се пропуштени и дека реформите се наметнуваат како итни, уште од следната учебна година.

„Образовни реформи се неопходни итно и тоа сеопфатно, тоа го покажуваат не само меѓународни истражувања и тестирања, тоа го покажуваат и домашните тестирања и истражувања затоа што ако не се промени веднаш ние создаваме само се уште пропуст во создавањето на идни генерации и оние кои што се сега во училиште кои што ќе може да поведат затоа што нашите деца имаат помалку присуство во училиште од сите деца во земјите каде што имаме добри резултати на меѓународни тестрања, тие не учат врз основа на теми, значи интегрирано врз основа на решавање на проблеми туку се уште учат фактографски што е погрешно и напуштето како концепт во светот многу одамна.“- објасни Царовска која истакна дека концепцијата ќе постави стандарди за постигнување резултати од учење.

„Најпрво концепцијата почнува од воспоставување на национални стандарди, до сега целото образование е насочено содржински да гледа, додека за прв пат воспоставуваме образование кое што ќе гледа резултати од учење и тоа е меѓународен стандард. Нашите национални стандарди се основата за новата концепција и тоа дека секое дете кога ќе излезе од деветолетка треба да постигне одредена јазична писменост, треба да има користење на друг јазик, треба да има математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, лицен социјален развој, демократска култура и граѓанско претприемништво и уметничко изразување и култура.“- посочи Царовска во вестите на Сител.