Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Изборите во Штип потврдија – расте довербата на граѓаните

„Предвремените избори за градоначалник на Штип покажаа дека довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте.Со освоени речиси 12 илјади гласови, СДСМ во Штип на фер и демократски избори, безбедни за здравјето освои повеќе гласови од предвремените парламентарни избори пред 5 месеци.Токму ова е потврда за одлучните, државнички политики на СДСМ, потврда за квалитетот на кандидатот кој од Штип ќе направи дом еднаков за сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Според партијата, граѓаните дадоа силна поддршка на чесните и одговорни политики на СДСМ, покажаа доверба во институциите што ги води Владата предводена од СДСМ, во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува.

„Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата. Уште една важна порака од локалните избори во Штип е дека граѓаните ги поразија сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека не сакаат кочење, ниту блокади. Изборите во Штип потврдија – расте довербата“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК