Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца тетовци со 2.000 петарди

Вчера околу 16:20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, Тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства.

Тие биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен

ДЕСК

Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки – ја повикуваме стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес

ДЕСК

ЦАРИНАТА ПОКАЖА ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕТРЕСОТ ВО ПОЗНАТА СКОПСКА МОБИЛАРА: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица

ДЕСК