Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Голема акција во БиХ во која се вклучени 250 полицајци

По налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, во земјата се спроведува акција со кодно име „Вулф“. Акцијата има за цел откривање и гонење на лица осомничени за нелегална трговија со големи количини акцизни производи.

Во акцијата координирана од обвинителот на Специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, повеќе од 250 полицајци на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и Министерството за внатрешни работи на Република Српска се испратени на терен.

Ова е една од најсеопфатните активности во борбата против недозволена трговија со акцизни производи, со кои сторителите се стекнуваат со голема противправна имотна корист.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК