9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Важно соопштение од Центарот за социјални работи во Ресен – Еве како самохраните родители од оваа општина да поднесат барање за финансиската поддршка од 6.000 денари

Од центарот за социјална работа во Ресен ги информираат смохраните родители дека барањата за остварување на финансиска поддршка во износ од 6000 денари за самохрани родители се поднесува до надлежниот Центар за социјална работа.

Самохраните родители треба да поднесат барање со потребна документација (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на умрени, потврда за исчезнат родител, и потврда за привремена спреченост поради лекување, издржување казна затвор и сл.)

Самохран родител е родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности евидентирани во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, родител на дете за кое остварува право на детски додаток и/или право на додаток за образование заклучно со 27.09.2020 година (во натамошниот текст: „самохрани родители-корисници на финансиска поддршка“).

Барањата се поднесуваат до 17.12.2020 година, се вели во соопштението на ЦСР Ресен.