Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Приведени разбојници во Сарај кои краделе од банкомати

Четири лица се приведени по претреси од полицијата во Сарај, бидејќи краделе од банкомати.

Од МВР информираат дека претреси биле вршени во селото Долно Свиларе, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела.

„Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела тешка кражба на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално поседување оружје и распрскувачки материјали“, велат од полицијата.

Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК