Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пешак почина во сообраќајна несреќа во Виница

Шеесетгодишен пешак (М.Г.) почина во сообраќајна несреќа што се случи вчера напладне во Виница.

Пешакот бил прегазен од автомобил со кој управувал 40-годишен маж од градот.

„По незгодата М.Г. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде што била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Трактор падна во река во гевгелиско – две лица итно префрлени во болница, едното починало во скопските клиники

ДЕСК

Трагедија го потресе Богданци: Удрил во бетонски ѕид и се превртел – едно лице загина

ДЕСК

Напишал 25 објави, коментари и четири видеа на социјална мрежа во која промовира омраза – Полицијата му чукна на врата

ДЕСК