Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца малолетници ограбиле жена на улица во Скопје

Полицијата приведе тројца малолетници под сомнение дека ограбиле жена на улица во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера, на булеварот Гоце Делчев, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по претходна пријава, привеле тројца малолетници бидејќи во близина на бензинска пумпа на улицата Кеј Димитар Влахов украле чанта од едно женско лице.

Лицата им се предадени на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК