Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетовско, работел по дозволеното време

Сопственик на угостителски објект во тетовското село Пирок доцна синоќа бил приведен бидејќи работел по дозволеното работно време, соопшти МВР.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М. Ј. (50) од с. Пирок, Тетовско, бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирусот.

По целосното документирање на случајот, на М. Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија – во согласност со член 206 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК