12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Отворена нова градинка во Лозово

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Срцко“ во Општина Лозово. Таа изрази големо задоволство што токму на Светскиот ден на човековите права, 10 декември, отворањето на новата градинка е во знак на почитување и вреднување на еднаквоста на сите граѓани во нашата држава, вклучително и децата.

„Денес на Светскиот ден на човековите права, потврдуваме дека за нас сите граѓани се еднакви, дека за нас сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата. Децата во Лозово ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Инвестираме во предучилишното образование, затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина“, изјави министерката Шахпаска.

Градинката „Срцко“ има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. За нејзина изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика инвестираше околу 13 милиони денари.

Спонзорирано: