Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Мицкоски е свесен за поразот што го чека, затоа побегна од избори во Штип

Мицкоки е несериозен, бара предвремени парламентарни избори а избега од локалните избори во Штип, порача вечерва генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вклучувањето на социјалните мрежи.

– Во ВМРО-ДПМНЕ ги знаат анкетите, знаат дека од доктор Сашко Николов нема подобар кандидат, знаат дека ги чекаше нов пораз овде во Штип и затоа избегаа од избори. Мицкоски секогаш ги става своите интереси и своите внатрепартиски битки пред интересите на граѓаните, но граѓаните тоа не ги интересира, граѓаните заслужуваат легитимни институции, Штип заслужува легитимен градоначалник, посочи Николовски.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, додаде Николовски, СДСМ покажа дека знае да се менува.

– Воведовме стандарди и пракси коишто ги нема во статутите на нашите сестринки партии во Европа. Воведовме целосна еднаквост на жените и маѓите во сите органи на партијата, го зајакнавме младинското учество и воведовме непосредни избори за избор на претседател на партијата, заклучи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +