Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Камионот од кој биле украдени два тона марихуана оставен блиску до преминот Блаце

Ова е камионот од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, а кој сега е оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце.

Кражбата на двата тона канабис се случи во петокот по полноќ од склад за преработка на канабис во валандовско Јосифово, а полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката.

Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини.

Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.

МВР од синоќа спроведува голема акција во Арачиново и околината каде е пронајдена голема количина марихуана, но се уште нема детали од полицијата, иако според неофицијални информации се работи токму за дрогата украдена од погонот во вландовсвкото село.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК