Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ најави блокади во Скопје и протести во 15 града

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утре најави блокади во Скопје и протести во 15 града на кои ќе бара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и националните интереси и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број, ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат што побргу бидејќи на Македонија ѝ донесоа само порази и неуспеси“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните, утре, во 15 часот, да им се приклучат на блокадите пред Владата и Министерството за надворешни работи. Протести со почеток од 18 часот ќе се одржат и во Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ДЕСК

Министерот Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети – поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство

ДЕСК

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници

ДЕСК