Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за да ѝ се препише поразот на Заев

Кадарот Владо Бучковски не е никаков скриен ас на Заев во преговорите, туку очаен обид да се најде жртва на која ќе ѝ се препише поразот на политиките на премиерот во заминување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откога Владата денеска го назначи експремиерот Бучковски за специјален претставник за Бугарија.

„Назначувањето на Владо Бучковски е и потврда дека во СДСМ врие и на овој начин Заев преку доделување функции се обидува да најде сојузници да ја зачува својата фотелја бидејќи со погубните политики не само што се доведува во прашање егзистенцијата на премиерското место туку и на претседателското во СДСМ“, велат од опозициската партија.

Оттука додаваат дека наместо замајување на јавноста со стари и истрошени кадри, Заев треба да одговори за што точно тајно преговара со бугарската влада овој викенд и дали е се тргува со историјата, јазикот, македонското малцинство и идентитетот.

Опозицијата прашува и зошто Заев отфрлил постигнување национален консензус за ова прашање и зошто се плаши од национално единство во разговорите со Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК