12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се Заев и Бучковски

Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, реагирајќи на информацијата дека Владата го именуваше поранешниот премиер, Владо Бучковски за специјален претставник во Бугарија.

„Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во скорeшното интервју ги направи ослободители.
Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите.

Луѓето со “лепливи прсти”, едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање.

Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот“, се наведува во реакцијата на Мицкоски.