Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спречен шверц на кафе од Албанија

Вчера во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.

По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК СО ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ – Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – УХМР предупредува на обилни дождови во текот на ноќта

ДЕСК

ТЕПАЧКА МЕЃУ ЧЕТВОРИЦА ВО КРУШЕВСКО СЕЛО – Нарушен јавниот ред и мир, следуваат поднесоци

ДЕСК