Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Огромен пораз за македонската држава е ако Заев направил нов нацрт-договор со Бугарија

Ако е точно дека премиерот во заминување Заев веќе направил нов нацрт-договор со кој се откажува од македонскиот јазик, идентитет и историја тоа ќе биде огромен пораз за македонската држава, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму нгласуваат дека нема да дозволат срамот на Заев да биде колективен срам за македонскиот народ.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија. Блокадата од Бугарија е вина на коцкарските политики на Заев неговите ветувања и желбата по секоја цена да се задржи на власт за да краде“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава и дека Заев повеќе нема легитимитет да преговара и затоа треба да си даде оставка.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК