Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Заев во интервјуто за БГНЕС не кажа ништо погрешно

Сметам дека политиката на Заев има многу слабости во економијата, борбта за ковидот, но на гео-стртешките политички односи демонстрира невидена храброст , вели претседателот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски во гостување на ТВ 24 со поддршка на Заев.

Георгиевски потнцираше дека сите работи што ги зборувал Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се во согласност со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни.

„Според мене Заев во тоа интервју не кажа ништо погрешно, освен за можеби за ставот околи Втората светска војна. Меѓутоа, сите дијагнози и описи на работите според моето сфаќање на македонската историја и односите со Бугарија му беа 100 процентно точни. Јас кога бев премиер направив една декларација да бидеме пријатели, а за жал станавме непријатели. Факт е дека Бугарија ако не се спротивставеше на Европската Унија, ако не се спротивставеше на Нато земјите, ние немаше да добиеме држава. Од Бугарија Македонија има видено големо помош. Кога ќе зборувате со дипломати кои биле во Брисел, најголема поддршка добивале од бугарски дипломати“, вели Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола – СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

ДЕСК