Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување на опасната стапица на историскиот ревизионизам, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Дојче веле“, кое утре ќе биде објавено во целост.

Пендаровски коментира дека го гледал интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција „Бгнес“, а во дел од коментарите на македонската јавност забележал дека е присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање.

Во делот од интервјуто што го објави „Дојче веле“, Пендаровски изјавува дека со Заев се согласни оти некои личности и настани може да се слават од обете страни, но дека македонскиот народ има своја посебна историја, исто како што има и бугарскиот народ.

Заев во интервјуто за „Бгнес“ вчера рече дека Пендаровски е посветен на договорите со соседите, а изјавата на шефот на државата дека односот на Софија кон Скопје е наследство од режимот на Тодор Живков ја препиша на неискуството.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК