Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот парламент го отфрли предлогот на Борисов за уставни измени

Бугарскиот парламент синоќа го отфрли предлогот на премиерот Бојко Борисов за промена на Уставот, што тој го достави во август во обид да ја ублажи политичката криза во земјата.

Предлогот за промена на Уставот, кој недоамна доби критики од Венециската комисија, доби само 110 гласа „за“, а на парламентарното мнозинството му беа потребни гласовите на 160 од вкупно 240 пратеници во парламентот.

Венециската комисија, која е советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања, изрази жалење што не е спроведена соодветна јавна дебата за иницирање на уставните реформи.

Владата на Борисов ја поднесе иницијативата во обид да го намали притисокот од повеќемесечните протести, кои почнаа летоска во јули, на кои владата ја обвинуваат за врски со олигарсите и мафијата, при што се бараат негова оставка и оставка од јавниот обвинител Иван Гешев и одржување фер избори.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК