6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кадровски смени во ВМРО ДПМНЕ, ова се новите функционери

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донел повеќе кадрови одлуки во насока на реструктуирањето и катарзата што беше најавена од партискиот лидер Христијан Мицкоски. ИК донел одлука за избор на претседатели на општински комитети, како и членови на претседателство на Унијата на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, а разговарал и за актуелната политичка и економска ситуација, состојбата во здравството, блокадата од Бугарија.

„Извршниот комитет водеше разговори и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19, каде што секојдневно има траурни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата, каде што секојдневно се бројат нови отпуштања“, се вели во соопштението.

За претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани:
· претседател на ОК НОВО СЕЛО – Петар Марков· претседател на ОК СТРУМИЦА – Жан Дрвошанов

· претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ – Харис Ибраими; · претседател на ОК РАДОВИШ – Ванчо Ристов· претседател на ОК ПРИЛЕП – Дејан Продановски· претседател на ОК БОСИЛОВО – Мито Андонов· претседател на ОК ПЕХЧЕВО – Александар Китански· претседател на ОК БОГДАНЦИ – Марјан Пеев· претседател на ОК КОЧАНИ – Митче Стојков· претседател на ОК ПРОБИШТИП – Марјан Миленковски· претседател на ОК ДОЈРАН – Ѓорѓи Граматиков· претседател на ОК ДЕЛЧЕВО – Сашко Ивановски· претседател на ОК БЕРОВО – Столе Каракутовски

Според одлуката на Извршниот комитет, членови на претседателство на Унијата на ветераните се:
Мане Јаковлевски, Слободан Анастасовски, Драган Димишков, Љупчо Трпевски, Ѓорѓи Илиевски, Мирослав Тасевски, Драган Василевски, Бранко Момировски, Ѓорѓи Малковски, Живко Ристески, Александар Бичиклиски, Илија Шаторот, Сашо Наковски, Златко Милошевски, Ламбе Арнаудов, Душко Ѓорѓиев, Милан Кузев, Сашо Дранго, Борис Јанев, Ванчо Каранфилов, Марија Кирова, Ристо Ѓоргиев, Дејан Цветковски, Митко Антовски, Симо Илиевски, Владо Ѓорески и Андон Чибишев.

Спонзорирано: