Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Уредништвото на Телма треба да знае дека освен бизнис интереси постои и јавен интерес

И денеска немаше никакво известување за активностите на опозицијата на телевизијата со национална концесија Телма, се пожалија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цензурата на Телма и мракот кој Заев го прави за опозициските активности продолжува што укажува дека Владата на Заев се брани не со аргументи туку со тоа што реши да ја замолкне опозицијата. Уредништвото на Телма треба да знае дека освен бизнис интереси на компанијата која ги поседува постои и јавен интерес кој телевизијата треба да го застапува, а тој налага избалансирано преставување. Дека телевизијата известува неизбалансирано во корист на владата со целосно игнорирање на активностите на ВМРО-ДПМНЕ потврдува и извештајот на АВМУ каде се констатира таквата цензура. Цензорот Заев во заложништво ги држи дел од медиумите уценувајќи ги со бизнис и политички интереси. Таквиот мрак треба да ја сокрие катастрофата во здравството и економијата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК