21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за време на епидемија.

Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале свршувачка, на која присуствувале 30 гости.

„Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а во согласност со кои се забранува одржување масовни собири и настани на отворен и затворен простор“, велат од Обвинителството.

Третиот обвинет, како основач и управител на угостителски објект, на 3 октомври постапил спротивно на забраната дозволувајќи да се организира свадба на која биле присутни 90-ина лица. Од Обвинителството велат дека со тоа обвинетиот ги довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат.

Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​

Спонзорирано: