Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец кој ограбувал викендички

Полицијата приведе 37-годишен маж со иницијали Ф. А. од селото Јурумлери поради кражба во подрачјето на Петровец.

„Кај Ф. А., кој првично се претставил како косовски државјанин М. А., биле пронајдени предмети што потекнуваат од кривичното дело, кои му биле вратени на оштетениот. По преземните мерки и активности, утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд-куќи на подрачјето на Петровец“, велат од МВР.

Ф. А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК