12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Со одлуката за аболицијата на Иванов, пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го одбрани криминалот

Со одлуката на Уставниот суд, дека повлекувањето на аболицијата на Ѓорѓе Иванов е уставно и законско, пропадна и последниот обид на обвинетите лица, да се амнестираат од одговорност, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно не успеаја да го одбранат криминалот во опозициската партија, велат од СДСМ преку соопштение.

Сега, како што велат од владејачката партија, предметите подигнати и водени од СЈО треба да добијат правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.

„Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Сега се гледа зошто ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, со сите сили се обидуваше да го закочи носењето на овој закон, важен за правната држава, важен за реформскиот процес, за кој и Европската комисија смета дека обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок. СДСМ, како одговорна партија гради држава на ред, правда и дисциплина, во која законите важат подеднакво за сите, а ВМРО-ДПМНЕ останува против правдата, на страната на криминалот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: